Анкета спроведена од Харис Интерактив за Комстрат го дава Емануел Макрон за победник за изборите во 2022 година со тесен резултат во вториот круг: 53 отсто од гласовите наспроти 47отсто за кандидатот на РН, Марин Ле Пен, јави дописникот на МИА.

Вториот бран на анкетата спроведена од Харис Интерактив за Комстрат, а објавен овој понеделник од Л’Опинион, ја потврдува победата на Емануел Макрон во 2022 година во случај на втор круг против претседателката на РН, Марин Ле Пен. Резултатот меѓу двајцата кандидати сепак ќе биде многу тесен, со 53 отсто од намерите за гласање за првиот и 47 отсто за втората (првиот бран на истражувањето, извршен на крајот на јануари, претседателот во заминување беше критиран со 52 отсто од намерите за гласање, наспроти 48 отсто за неговиот противник).

Пред сè, истражувањето покажува дека мнозинството гласачи би одбиле да го „блокираат“ РН – Марин Ле Пен, со гласање за Емануел Макрон.

На страната на крајната левица Непокорна Франција, бројките зборуваат најмногу. Ако дуелот Макрон-Ле Пен се повтори во 2022 година, 52 отсто од гласачите на Жан-Лук Меланшон би одбиле да направат избор. Другите 48 отсто би биле поделени подеднакво помеѓу двајцата кандидати. Истражувањето на тој начин подвлекува дека во 2017 година само четвртина од гласачите на Меланшон избрале да бидат воздржани.

Според истото истражување, 28 отсто од гласачите на претседателот на регионот От-Франс, Ксавиер Бертран, би се определиле за Емануел Макрон, наспроти 21 отсто за Марин Ле Пен. Во случај на кандидатура на градоначалничката на Париз Ан Идалго (социјалист), половина од нејзиното гласачко тело не би се позиционирало во вториот круг, 41 отсто од нејзините гласачи би гласале за Емануел Макрон и 9 отсто за Марин Ле Пен. Единствениот електорат кој оди главно кај шефот на државата во заминување (51 отсто) би бил оној на екологистот Јаник Жадот. Сепак, 5 отсто од неговите приврзаници би гласаче за РН.

Оваа анкета исто така покажува дека РН ја консолидира својата изборна база: 84 отсто од оние кои гласаа за Марин Ле Пен во 2017 година ќе го потврдат својот глас во 2022 година. Тие дури би биле 90 отсто во случај на кандидатура за претседател на регионот на Ил -де-Франс, Валери Пекрес, на местото на Ксавиер Бертранд.