Според најновата анкета на Германскиот институт за нови општествени одговори (ИНСА), десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) моментално има највисоко ниво на поддршка од мај, додека сегашната владејачка коалиција на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) не би освоила мнозинство во Бундестагот.

Во неделната анкета на ИНСА за „Билд ам Зонтаг“, АфД достигна 25 проценти од јавната поддршка за прв пат од средината на мај, што одговара на зголемување од еден процентен поен, објави денес „Велт“.

Другите партии, според анкетата, ги задржаа своите резултати од претходната недела, при што ЦДУ/ЦСУ остануваат најсилна партија со 27 проценти поддршка, додека нивниот коалициски партнер СПД моментално има 15 проценти.

Заедно, ЦДУ/ЦСУ и СПД имаат само 42 проценти поддршка, што моментално е помалку од мнозинството во Бундестагот, за кое е потребна поддршка од 44 проценти. Зелените имаат поддршка од 11 проценти, Левицата има десет, популистичката Алијанса на Сара Вагенрехт BSW има четири проценти, а Либерално-демократската партија (ФДП) има поддршка од три проценти.

ИНСА анкетирала 1.203 лица од 28 јули до 1 август.