Поддршката за конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел падна на рекордно ниско ниво од 19 проценти. Тоа го покажува нова анкета на Форса, помалку од три недели пред парламентарните избори во Германија, додека социјалдемократите (СДП) го зголемија водството на шест процентни поени.
Истражувањето на Форса за RTL и n-tv регистрира пад од два отсто за поддршката за конзервативен блок предводен од Армин Лашет, чии надежи дека ќе ја наследи Меркел како канцелар на најголемата европска економија исчезнуваат, во однос на претходната недела. Според n-tv, ова е најниската поддршка досега забележана за конзервативниот блок составен од Христијанско-демократската унија на Меркел (ЦДУ) и нејзината баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ).
Анкетата покажа 25 проценти поддршка за СДП, 17 проценти за Зелените и 13 проценти за Слободните демократи, додека екстремно десничарската Алтернатива за Германија има 11 отсто поддршка.