Резултатите од анкетата на францускиот весник „Фигаро“ покажуваат дека повеќе од 80 испитаници сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин требало да биде поканет на одбележување на 75-годишнината од истоварувањето во Нормандија.
Во анкетата биле испитани 43.500 луѓе, а 81 отсто од нив позитивно одговориле на прашањето дали Путин требаше да биде поканет на одбележување на „Денот Д“.
Мистерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров вчера изјави дека не била поканета официјална руска делегација на комеморација по повод истоварувањето во Нормандија.
– Поканата ниту по форма ниту по содржина немаше доаѓање на официјална делегација од Москва изјави синоќа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров
Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека Русија на комеморацијата во Нормандија ќе биде претставена од дипломат од Руската амбасада во Париз.
– Придонесот на сојузниците во победата над Третиот рајх е јасен. Но, тоа не треба да преувеличува и на тој начин да се намали значењето на титанските напори на Советскиот Сојуз, без кој победата едноставно не би постоела, истакна портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Таа оддавајќи им признание на загинатите, го осуди „катастрофалното прекројување на историјата“ во филмовите и медиумите, во кои САД и сојузниците имаат клучна улога во поразот на нацистичка Германија.
– Истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија немаше одлучувачко влијание врз исходот од Втора светска војна туку беше предодреден со победата на Црвената армија, пред се во битките за Сталинград и Курск, посочи Захарова.
Комеморација по повод 75-годишнината од сојузничката инвазија во Нормандија во Втората светска војна вчера се одржа во Портсмут, јужна Англија. На церемонијата присуствуваа 300 ветерани британската кралица Елизабета Втора и премиерката Тереза Меј, како и шефови на држави и на влади од 16 држави, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел.
На одбележувањето на 75-годишнината од истоварувањето во Нормандија присуствуваа и американскиот и францускиот претседател Доналд Трамп и Мануел Макрон.