Дури 20 проценти од Американците рекле дека изгубиле роднина или близок пријател за време на пандемијата на коронавирусот, покажува новата анкета.
Анкетата е спроведена од Асошиејтед Прес Агенцијата и Центарот за јавни истражувања НОРЦ по повод една година од прогласувањето на пандемијата, пренесува Бета.
Заедниците со обоена популација се потешко погодени од коронавирусот. Така, анкетата покажа дека 30 проценти од Афроамериканците и Хиспанците изгубиле роднина или близок пријател за време на епидемија, додека тој процент кај белците е дури за половина помал и изнесува 15 проценти.
Утврдено е и дека се намалува загриженоста на јавноста за вирусот, како и дека фрустрацијата поради примена на санитарни мерки е изразена дури и од луѓе кои жалат за загубата на некого за време на епидемијата.
Иако вакцините несомнено доведуваат до крај на пандемијата, една третина од Американците немаат намера да се вакцинираат, а таков став пред се имаат помлади луѓе, граѓани без факултетска диплома и републиканци.
Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД достигна 529.000.