Претседателот на Русија Владимир Путин е светски лидер во кој граѓаните на Србија имаат најмногу доверба, покажуваат резултатите од новогодишното истражување на „Политика“ и агенцијата „Фактор Плус“.
По Путин, кој доби 57 отсто од гласовите, следи кинескиот претседател Си Џинпинг со 36 проценти, германската канцеларка Ангела Меркел со 30 отсто и претседателот на САД, Доналд Трамп со 23 проценти од гласовите.
На прашањето по кој пат треба да оди Србија, 36 отсто од учесниците во истражувањето наведуваат дека треба да соработува и со Запад и со Исток, 30 проценти оти треба да го продолжи патот кон ЕУ, 21 отсто дека треба да се сврти кон Русија, додека 10 проценти се за политика на неутралност и потпирање на сопствените сили.
Истражувањето е спроведено од 17 до 26 декември, на примерок од 1.250 испитаници.