Мнозинство Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп отколку демократите во Конгресот, е виновен за запирање на работата на американската федерална влада. Тоа го покажуваат резултати од анкета на Ипсос и Ројтерс.
Имено, 47 отсто Американци го сметаат за одговорен Трамп, додека 33отсто – демократите. Анкетата е направена меѓу 21 и 25 декември. Седум отсто сметаат дека вината е кај републиканците во Конгресот.
Запирање на работата на валдата е предизвикано од барањето на Трамп на кое се спротиставија демократите, да му се обезбедат 5 милијарди долари за ѕидот на границата со Мексико. Вкупната цена на проектот е околу 23 милијарди долари.
Само 25 отсто анкетирани сметаат дека е потребна поддршка на Трамп за одлуката да ја запре работата на владата заради тоа прашање.