Резултатите од најновата анкета на ИНСА изработена за весникот Билд покажуваат дека лидерката на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) Алис Вајдел има најголема поддршка од граѓаните.
Анкетата покажува дека 24 проценти од Германците изјавиле дека би гласале Вајдел да биде нова федерална канцеларка.
Вајдел има четири отсто предност пред Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Во западниот дел на Германија, Вајдел и Мерц имаат поддршка од 22 проценти, додека во источниот дел на земјата лидерката на АфД има рејтинг од 36, а лидерот на ЦДУ – 16 отсто.
Анкетата покажува дека канцеларот во заминување и лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Олаф Шолц има поддршка од 15 проценти од гласачите.