Според анкетата на „Харис интерактив“ објавена оваа недела претседателката на Националниот собир (РН), Марин Ле Пен би добила од 26 до 27 отсто од гласовите, наспроти 24 до 25 отсто за актуелниот претседател на Франција Емануел Макрон во првиот круг на претседателските избори во Франција закажани за пролетта 2022, јави дописникот на МИА.
Претседателката на РН, Марин Ле Пен би имала мала предност пред претседателот во заминување Емануел Макрон во првиот круг од претседателските избори, доколку гласањето се одржи оваа недела, покажува анкетата на Харис интерактив.
На 15 месеци од претседателските избори, Емануел Макрон би добил од 23 до 24 отсто од гласовите во првиот круг, во зависност од различните потенцијални кандидати од десницата и и од левицата според ова истражување нарачано од кабинетот на КомСрат и весникот Л’Опинион. Марин Ле Пен би добила од 26 до 27 отсто од гласовите, повторно во зависност од различните хипотези за кандидатури од десно и од лево.
Во 2017 година, Емануел Макрон доби 24 отсто од гласовите во првиот круг, наспроти 21,3 отсто за Марин Ле Пен. Тој победи во вториот круг со 66,1 отсто од гласовите наспроти 33,9 отсто за претседателката на Националниот собир. На 15 месеци од претседателските избори, Макрон и Ле Пен и натаму доминираат во рамнотежата на силите и да ги елиминира другите претпоставени кандидати далеку зад себе.
Кај десницата, кандидатурата на Ксавиер Бертранд би собрала 16 отсто гласачи, Валери Пекрес 14 отсто, без оглед на личноста поддржана од Социјалистичката партија која би била против нив. Кај левицата, кандидатурата на Ан Идалго би собрала шест до седум отсто од гласовите, во зависност од тоа дали ќе му спротивстави на Ксавиер Бертранд или на Валери Пекрес. Додека Арно Монтебург би добил пет отсто од гласовите.
Според првите испитувања на јавното мислење, со оглед дека левицата и десницата немаат сериозен кандидат за претседател, очигледно Франција се движи кон повторен дуел меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен.