Три пријави за непотизам во СЈО стигнале до антикорупциската комисија уште пред партијата ВМРО ДПМНЕ да објави листа со имиња на вработени блиски на обвинители или функционери. Уште во време на претходниот состав на ДКСК е пријавено дека е вработен внукот на специјалната обвинителка Катица Јанева.
Оваа година пак се стигнати две преставки за ќерката на поранешниот директор на МЕПСО и уште неколку негови роднини, но и за ќерката на поранешниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штеријов.
За ниеден случај за сега нема епилог во ДКСК. Неизвесна е и најновата пријава, бидејќи поради прекинатиот мандат на специјалната обвинителка Катица Јанева нема кој да ги потпишува информациите кои ги бара антикорупциската од СЈО.