Аортата, главната и најголема крвна артерија, која носи крв од срцето до остатокот од телото, доби посебна чест во медицинскиот свет – таа е дефинирана како посебен човечки орган, пишува „Еурекалерт“.
Тоа е голем чекор. Препознавањето на аортата како орган ја става на исто ниво со другите органи, срцето, белите дробови и мозокот“, изјавил Мартин Черни од Универзитетската болница во Фрајбург во Германија.
Новиот статус на органот важи во земјите на Европската Унија и во Соединетите Американски Држави, откако како таков е дефиниран во упатствата на Европската асоцијација за кардиоторакална хирургија (ЕАЦТС) и Американското здружение на торакални хирурзи (СТС).
Оваа одлука во медицината ќе направи разлика и за пациентите, бидејќи клиничкиот процес за многу од нив кои се лекуваат од аортна болест веројатно ќе биде различен и пооптимален од сега па натаму. Досега беше вообичаено болестите на аортата да се третираат или во кардиохирургија или во васкуларна хирургија, во зависност од видот и локацијата.
Новите упатства јасно препорачуваат третман на аортата како дел од посебна медицинска област. Треба да се поврзе со други слични области на медицината. Сето тоа ќе го подобри лекувањето на руптури на аортата и други сериозни болести“, објаснил Черни.
Инаку, аортата е одговорна за транспорт на крв богата со кислород од срцето до целото тело. Овој голем крвен сад е најголемата артерија во телото и се протега од левата комора до садовите во карличната област. Исто така, има значајна улога во регулирањето на крвниот притисок и брзината на протокот на крв.