Пратеникот и претседател на „Левица“, Димитар Апасиев на својот фејсбук профил објави пост со кој потсетува на претходен пост на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Постот кој го реобјавува Апасиев е од 2018 година, во кој Османи најавува почеток на скринингот на патот кон членство во Европската Унија и му се заблагодарува на еврокомесарот Хан.
Постот, кој е објава на друг корисник на Фејсбук мрежата, а Апасиев го реобјавува може да го погледнете во продолжение.