Партијата Левица до претседателот на Собранието, Талат Џафери ја достави иницијативата за референдум против францускиот предлог, откако ги собраа потребните потписи.
Прашањето за кое што се предлага распишување референдум гласи: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022 година?
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев изјави дека очекува иницијативата да биде отфрлена од страна на Џафери, а доколку тоа се случи најави блокада на законодавниот дом.
Левица најави нова иницијатива за референдум, откако претседателот на Собранието Талат Џафери ја отфрли претходната поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за поништување на Договорот со Бугарија. Џафери ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ како неуставна, а СДСМ ја поддржа неговата одлука.