На меѓународниот ден за борба против корупцијата, Добрила Кацарска и нејзината „разбојничка дружина“ од Уставниот суд, одбија да го укинат еден од најкоруптивните закони донесен во историјата на Македонија (за фаворизирано градење на коридорите 8 и 10).

Ова го истакнува пратеникот и претседател на партијата Левица, Димитар Апасиев во неговата реакција на денешната одлука на Уставниот суд.

– Спас од овие некадарници, кои се срам за правната теорија, е да донесеме специјален Закон за уставни судии кој, во преодните и завршни одредби, ќе им го прекине мандатот на овие гревчиња преправени во тоги, кои сакаат да се претставуваат како „истакнати правници“, објави Апасиев на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Тој под објавата го додава хаштагот #РеформаНаУставнотоСудство. Фотографијата што ја објавуваме е од протестот во Собранието на Македонија при изборот на Кацарска за уставен судија.