Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, објави на Фејсбук дека со изгласаните измени на Законот за државјанство, како што вели тој, околу 70.000 граѓани од Косово ќе може да добијат македонски пасоши, а според него, тоа го прави владеачката партија СДСМ за да може да обезбедува кворум во Собранието со помош на пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива.
– До каде (ќе) оди забеганоста на СДС? Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО – по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!- објави Апасиев.