Пратеникот и лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се мајтапи со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, откако со новото владино мнозинство неговата партија е исфрлена од власта.

– Гаши, друже, ај да ти набацам една каурска: „Кој со ѓаоло тикви сади, ѓаоло му очи вади“. П.С. Идете сега, нека ве гласа „меџународната“, објави Апасиев.

Претходно Гаши објави дека излегува од Владата, откако официјално Арбен Таравари и Димитар Ковачевски се договорија Алијанса за Албанците да стане дел од владината коалиција, а за сметка на тоа на Алтернатива да ѝ бидат земени сите министерства кои ги водеше.

Објавата на Апасиев може да ја отворите ТУКА.