По денешниот избор на новата претседателка на Судскиот совет Весна Дамева, не запираат реакциите, иако таа уверува дека ќе го предводи ова моќно судско тело без влијанија и притисоци.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, коментира дека СДСМ овој пат го направиле невозожното возможно.

-Судски службеник од Основен суд (стручен соработник на Кацарска) и член на Правната комисија на СДС – избрана за претседател на Судскиот совет кој ги бира судиите и пред кого тие одговараат дисциплински!?

Значи, да повториме: дочекавме судии да одговараат пред приправници! Браво за СДС на Нашата Земја кои и невозможното го прават возможно, коментира Апасиев.

Дамева беше единствен кандидат и за неа гласаа за 10 членовите на советот, против беше единствено Лорета Георгиева, судијка од Струмица. Работната кариера на дамева е како стручен соработник во Кривичнниот суд. Од пред 3 години е член на Судскиот совет.