Пратеникот во македонскиот Парламент, Димитар Апасиев од партијата Левица, на Фејсбук го објави „чудесниот“ ценовник на кафето во студентските бифиња во Скопје и во Собранието на Република Македонија.
– Класни привилегии! Турско кафе во студентско бифе 60 денари, турско кафе во собраниско бифе 6 денари. Каде бе вака, другари, објави Апасиев на Фејсбук.
Тоа е уште една од привилегиите на пратениците кои со високи плати и високи дополнителни суми за патни трошоци добиваат и 10 пати поевтино кафе отколку студентите во Македонија, кои пак плаќаат со џепарлакот што им го даваат родителите.