Четириесет и седумгодишниот скопјанец Ристе Бочвароски е исчезнат од средата, неговото семејство веднаш го пријавило исчезнувањето во МВР.
Неговите блиски четврти ден се во потрага. Во населбата каде што живее Ново Лисиче и во Аеродром, од каде што потекнува, се излепени плакати со негови фотографии и информации за изгледот, возраста и гардеробата во која бил во моментот на исчезнувањето.
Блиските го опишуваат како семеен човек без здравствени проблеми, а последен пат бил виден во средата во 13 часот во Лисиче.
Бил облечен во сиви тренерки и црна јакна. Ги замолуваат сите луѓе доколку имаат било каква информација да се јават на некој од овие телефони: 070 838-030 или 075 274 706.