Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека кон граѓаните се испраќаат СМС пораки со кои се бара да извршат задолжителна пријава на лажна веб страница https: ujp-gov.mk/potvrda.
– Гражани, никако не отворајте ја оваа лажна веб-страница, бидејќи од вас бара да пополните полиња со вашите лични податоци, податоци од платежна картичка и да прикачите фотографија од вашата лична карта, предупредуваат од УЈП.
Споделувањето на вашите лични податоци преку оваа лажна веб страница, се додава во апелот, може да предизвика нивна злоупотреба.
– Веб страница е лажна, не е во сопственост на Управата за јавни приходи. Испраќачот на пораките се обидува да ги злоупотреби името и логото на УЈП и да ги доведе во заблуда граѓаните, да споделуваат лични податоци и на тој начин да се изложат на ризик и можна злоупотреба. Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со оваа состојба. Во прилог како изгледа лажната веб страницата која не треба да се отвара е фотографијата ѓто ја објавуваме, се вели во соопштението од УЈП.