Отец Оливер Петровски на Фејсбук страницата Хуманитарна организација “Свети Спас” сподели апел за помош за 12-годишната Ева, која боледува од тумор на мозок.
„Драги браќа и сестри!!! Ева има само 12 години… Боледува од тумор на мозокот и навистина ѝ е потребна нашата помош затое што за 20-тина дена МОРА да оди на радио терапија во Турција. Замислете, само 12 години!!! Таа сега треба да трча, да игра, да му се радува на животот. Да се разбуди и да заспие насмевната и безгрижна. Пријатели наши, до сега заедно многу сме успеале. Ајде и за ова мало ангелче да бидеме тука. Да се сплотиме како за наше дете. Таа и е наше ДЕТЕ!!!
ДА ДОНИРАМЕ И ДА ЈА СПАСИМЕ ЕВА!!!“, напиша о. Оливер.