Судскиот процес против поранешен началник во УБК Горан Грујевски за предметот „Тврдина“ ќе биде повторен.
Скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата за Грујевски и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.
Грујевски беше осуден на казна затвор од година и пол во отсуство за уништувањето на документацијата поврзана со прислушувањето.
Апелација ја потврдила условната казна за службеничката која поднесе жалба на пресудата.