Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ е ослободен од притвор. Апелацискиот суд му ја прифатил жалбата за домашен притвор без кауција.
Мукоски е последниот пратеник обвинет и ослободен за настаните од 27-ми април отако од притвор беа ослободени пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување.