Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски останува во притвор откако Апелацискиот суд ја отфрли неговата жалба и го потврди решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор, потврдија за МИА од Апелација.
Ристовски, кој издржува мерка притвор во Затвор Скопје, е еден од осомничените како организатор на настаните на 27 април во Собрание во 2017 година. На јавна седница Ристовски бараше да му биде укинат притворот и изразувајќи уверување дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што, како што рече, е уверен дека ќе ја докаже невиноста.