Моќни бури, придружени со силен ветер, минале вчера низ Централна и Западна Германија. Силниот дожд кој се истурил врз провинциите Северна Рајна Вестфалија, Хесен, Рајналд Фалц ги претворил улиците во реки и поплавил десетици домови.

Во Бохум, две девојки – на 21 и 23 години – биле погодени од молња. Двете биле пренесени во болница во исклучително тешка ситуација. Тие биле пронајдени како во бесвесна состојба лежат на тротоарот.

Во Гелзенкирхен, силен дожд и град исто така создале реки по улиците. Најмногу настрадале јужниот и западниот дел од градот. Ветерот откорнувал покриви и дрвја.