Во Москва е срушен темепратурниот рекорд евидентиран за 27 јануари 1914 година, откако метеоролошката станица во главниот град на Русија денеска во 6 часот измери 3,5 степени Целзиусови над нулата, изјави Евгениј Тишковец, началник на метеоролошкиот центар Фобос.

– Во историјата на редовните метеоролошки мерења во Москва, и покрај дождот, поставен е нов температурен рекорд по 111 години на референтната московска метеоролошка станица ВДМК. Во 6 часот е измерена температура од плус 3,5 степени Целзиусови. Претходнит температурен максимум од 1914 година беше плус 3 степени, изјави Тишковец, пренесува РИА Новости.

Тој најави дека температурата ќе продолжи да расте во текот на денот.

– Последната недела од јануари во руската престолнина почна со априлско време, а необично топлиот понеделник е почеток на серијата од дневни температурни рекорди, рече Тишковец.