Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со тројцата американски сенатори Крис Марфи, Џин Шахин и Пит Рикетс.
Единствена тема на разговор била ситуацијата на северот на Косово, соопшти прес-службата на Вучиќ.
Српскиот претседател јасно и недвосмислено им порачал на американските сенатори дека денешното апсење на Милун Миленковиќ е провокација и злосторство на премиерот на Косово, Албин Курти, со што се обидува да предизвика војна во срцето на Европа.
Исто така, Вучиќ рекол дека Србија прави се’ што може за да го зачува мирот, но дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на најлошата тортура и прогон во последните петнаесет години, пренесуваат српските медиуми.
Сенаторите Марфи, Шахин и Рикетс му порачале на Вучиќ дека бараат воздржаност и повици за мир од Србија, бидејќи тоа е во најдобар интерес на сите во Западен Балкан.