Иран денеска ја потврди посветеноста на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (Treaty on the Non-Proliferation of Nuclear Weapons) и покрај одлуката за суспензија на соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
– Иран останува посветен на НПТ и договорот за заштитни мерки, објави шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи на Икс.
Иран е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ) од 1970 година, кој гарантира користење на атомската енергија за мировни цели под контрола на МААЕ.
Иран вчера ја прекина соработката со Агенцијата на ОН задолжена за нуклеарна безбедност, по зголемените обвинувања против неа по неодамнешната војна со Израел.
Иранските власти го осудија „молкот“ на МААЕ за израелското и американското бомбардирање на нуклеарните објекти во Иран.