Нов Зеланд нема да ги отвори границите кон светот уште многу долго време, изјави премиерката Џасинда Ардерн на состанок на кабинетот преку видео линк.
Како што пренесува Би-Би-Си, на состанокот се разговарало за можноста за создавање „транс-тасмански меур“ преку кој луѓето би можеле слободно да патуваат меѓу Австралија и Нов Зеланд, без карантински мерки.
Сепак, како што рече таа, тоа уште долго нема да биде можно за посетителите од другите делови на светот.
Австралија и Нов Зеланд ги затворија границите за речиси сите странци, како дел од превентивните мерки за борба против вирусот Ковид-19.