Голманот Алфонс Ареола, кој игра на позајмица за Реал, може да стане член на мадридскиот клуб. Според шпански „АС“, Ареола го убедил тренерот Зинедин Зидан за неговата корисност како втор голман, па раководството на Реал Мадрид би можел да го откупи договорот од Пари Сен-Жермен.
Еден од факторите при донесување на одлука ќе биде фактот дека Андреј Лунин, кого Реал Мадрид го сметаше за иден резервен голман, не игра доволно за Ваљадолид каде е испратен на позајмица.
Прв голман на Реал е Тибо Куртоа.
ПСЖ исто така не би требало да се противи да го ослободи 27-годишниот француски голман, бидејќи очекува во Париз да го донесе чуварот на мрежата на Милан, Џанлуиџи Донарума