Стадионот „Унико“ на Гимназија де Ла Плата во иднина ќе го носи името на Диего Армандо Марадона, кој го тренираше овој аргентински прволигаш до пред да почине на 25 ноември годинава.
-Одлучивме да го преименуваме овој стадион во Унико де Ла Плата Диего Армандо Марадона. Диего беше уникатен и заслужува овој уникатен стадион да го носи неговото име, соопшти денеска гувернерот на Буенос Аирес, Аксел Кицилоф.
Една од трибините на стадионот, исто така, ќе биде преименувана во чест на неодамна починатиот Алехандро Сабела, кој како селектор ја однесе Аргентина до финалето на Мундијалот во 2014, а во кариерата беше играч и тренер на Естудијантес.
Стадионот Унико де Ла Плата е изграден во 90-те години од минатиот век и е меѓу најмодерните во Аргентина.
Арената идната година ќе биде домаќин на четири натпревари во рамки на Копа Америка.
Едно фудбалско здание во Буенос Аирес веќе го носи името на Марадона, откако прволигашот Аргентинос во 2004 година го преименува стадионот во негова чест.
Претходно овој месец, својот стадион во чест на Марадона го преименува и италијанскиот прволигаш Наполи.