Учесниците на Светскиот економски форум во Даваос беа жестоко укорени од аргентинскиот претседател Хавиер Милеи – кој бараше да знае зошто ги поддржуваат екстремните родови и ЛГБТ идеологии.

„Тие се педофили“, рече тој за луѓето кои се занимаваат со такви активности.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи започна жесток напад врз, како што ја нарекува, „родовата идеологија“ за време на неговиот говор на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос.

„Овие форуми, како и Светскиот економски форум, ја промовираат ЛГБТК агендата и се обидуваат да ја наметнат идејата дека жените се мажи, а мажите се жени, заснована исклучиво на самоперцепција“, рече Милеи во својот говор откако беше претставен од претседателот на СЕФ, Борге Бренде..

„Во најекстремните форми, родовата идеологија е чиста злоупотреба на деца. Тие се педофили. Па јас сум љубопитен: кој го поддржува ваквото однесување?

Милеи, исто така, наведе контроверзни примери за да го критикува движењето, вклучувајќи го и случајот со маж во САД кој тврдел дека е жена и бил сместен во женски затвор каде потоа сексуално нападнал затвореничка. Тој се осврна и на инцидентот на Олимпијадата минатата година, каде алжирскиот боксер Имане Келиф го освои златото во женска категорија и покрај интензивната дебата за неговото право да се натпреварува против жени.

Аргентинскиот претседател исто така го истакна случајот во САД каде двајца геј мажи беа осудени за систематско силување на нивните посвоени деца, нарекувајќи го пример како екстремната родова идеологија им штети на децата.

„Здравите деца неповратно се уништуваат со хормонски третмани и осакатување. Како може петгодишно дете да се согласи на такво нешто. И ако семејството каже не, државните претставници се подготвени да интервенираат за да го промовираат она што тие го нарекуваат „најдобрите интереси на детето“, рече Милеи.

Милеи претходно протурка неколку мерки во Аргентина кои беа критикувани од ЛГБТ организациите. Тој ја забрани употребата на родово неутрален јазик во владините документи и го поништи законот за квоти што би гарантирал застапеност на таканаречените трансродови луѓе во јавниот сектор.

Во својот говор, тој ја нарече родовата идеологија „криминална идеологија“ која во иднина ќе се смета за споредлива со „најмрачните периоди од нашата историја“. Тој, исто така, го критикуваше она што го нарече „наратив на жртвата“ што се користи за да се замолчи критиката.

„Тие се расфрлаат со зборови како хомофобија и трансфобија, термини кои служат само да ги замолчат оние кои се осмелуваат да го осудат овој скандал“, рече Милеи.