Американското стручно списание „Археологија“ кое двомесечно се печати во САД, традиционално на крајот од годината објавува листа со 10 најважни откритија во светот на тоа поле за годината што изминала.
Во 2018 година најважното откритие се случило во Јордан на локалитетот Црна пустина. Таму се пронајдени остатоци од храна за кои е утврдено дека се „пити“ направени од диви житарки бидејќи во Палеолитот не знаеле луѓето за земјоделие туку се хранеле со плодови и растенија кои ги наоѓале во своја околина и месо од диви животни кои ги ловеле. Тимот археолози откриле дека преисториските луѓе знаеле дека житарките се вкусни и умееле да го „замесат“ со вода и да ги стават на отворен оган да се испечат. Тој прв „леб“ е испечен 4.000 години пред жителите на Месопотамија да почнат да се занимаваат со земјоделие.
На 200 километри подалеку откриено е дека припадниците на таа култура (Натуфијанска) пред 13.000 години знаеле да произведат пиво од диви билки.
Второ место по значење е за најстарата скица во светот пронајдена во природен резерват Бломбошфонтеин во Јужна Африка – на мал камен што паднал од ѕид се гледаат линии повлечени со пигмент со „окер“ боја чија старот е 73.000 години. Лабораториските испитувања покажале дека ги повлекла човечка рака.
Треетото место е за еден ексцентричен артефакт пронајден во Швајцарија во Прелес. Во прашање е шака (дланка) од бронза на која околу зглобот има златна лента и покрај неа се бронзен бодеж и уште една спирална лента и бронзена игла. Староста е половина од вториот милениум пред нашата ера. Археолози претпоставуваат дека шаката е изработена да замени отсечена и погребана со нејзиниот сопственик.
На четврто место се два скелета машки и женски пронајдени во Самара во Русија, Утврдено е дека починале од бубонска куга 1.800 година пред нашата ера. Првата пандемија на куга во светот досега била во шесиот век за време на владеењето на римскиот (византиски) цар Јустинијан. Пандемијата која убила половина жители во Европа била во 14 век.