Нов главен тренер на Арсенал може да биде шпанскиот специјалист Рафаел Бенитез. Според „Дејли експрес“, лондонскиот клуб го разгледува шпанскиот специјалист како замена за Мишел Артета.
Пред неколку дена имаше информација дека Бенитез може да го предводи московски Спартак.
Шеесет годишниот Бенитез сега е шеф на кинескиот клуб Далиан Професионал. Претходно беше тренер на Ваљaдолид, Екстремадура, Осасуна, Тенерифе, Валенсија, Ливерпул, Интер, Челзи, Наполи, Реал Мадрид и Њукасл.
Тој е двократен шампион на Шпанија, освојувач на Лига на шампиони, Лига на Европа и Куп на УЕФА, УЕФА Супер Куп и Светски клупски куп, освојувач на ФА и Купови на Италија.