Напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг во моментов нема намера да ја врзува својата долгогодишна иднина со лондонскиот клуб.

Надежите на клубот беа дека со веста за потенцијалното назначување на Микел Артета за менаџер, Обамјенг би сакал да остане во клубот и да потпише нов договор. Сепак, англиските медиуми ги негираат ваквите надежи.

Напаѓачот на Габон има договор до летото 2021 година и во моментов бара да биде продаден во еден од следните два трансфер прозорци. Ова може да предизвика управата на „топчиите“ да преземат чекори, за да не го испуштат Обамејанг без пари по година и пол.

Информациите од Островот наведуваат дека тој не е единствениот со слични погледи, при што голем број негови соиграчи исто така бараат начин да го скратат престојот на „Емирати“.