Рома не може да се договори со Арсенал за трансфер на играчот за врска Гранит Џака, со кого веќе е договорена 4-годишна соработка.
Римјаните понудија 14 милиони евра за 28-годишниот играч на швајцарската репрезентација, плус три милиони во бонуси, но лондонскиот клуб одби.
Според новинарот Николо Шира, Арсенал очекува да добие 23-25 милиони долари од продажбата на Џака.