Офанзивниот играч од средниот ред на Арсенал, Месут Озил и уште двајца играчи на Арсенал одбиле намалување на платите, објави клубот во понеделникот, пренесе „Мирор“.
Арсенал објави дека играчите, како и тренерот Микел Артета и неговиот персонал, се согласиле на намалување на платите од 12,5% поради пандемијата од коронавирус. Лондонскиот клуб потенцира дека парите ќе бидат вратени доколку се обнови сезоната 2019/20 и тимот ја постигне „определената цел“, што е јасно дека станува збор за влез во Лигата на шампиони.
Германецот, кој е најплатениот играч на „топџиите“ со плата од 350.000 фунти неделно, изјави дека сака да го процени економското влијание предизвикано од коронавирусот и затоа нема да брза со својата одлука. Озил ги известил своите соиграчи дека ја почитува нивната одлука, но тој сака останува на неговата.
Неговиот агент Херкит Согут претходно овој месец изјави дека ќе видиме како ќе се одрази состојбата со финансиите на клубовите за три до шест месеци, но не денес.
Имињата на другите двајца играчи на Арсенал не се објавени, а „Гардијан“ тврди дека преговорите со нив се во тек.
Англиското првенство беше прекинато во март и ќе започне повторно не порано од мај.