Рен го изненади непријатно Арсенал во првата осминафинална средба од Лига Европа помеѓу двата тима и постигна успех дома со 3:1.
Ивоби отвори за гостите уште во 2-та минута, но во 41-та Сократис доби втор жолт, односно црвен картон и го остави лондонскиот тим со човек помалку.
Ова се покажа фатално за гостите и само минута по картонот, Бурижо со убав удар од границата на шеснаесетникот успеа да го израмни резултатот.
Во 65-тата минута Кошчелни си постигна автогол и така донесе пресврт за домашните тим. Сар ги доврши „топџиите“ во 88-та минута.
Тимот на Унаи Емери има пред себе тешка задача во реваншот да израмни негатива од два погодоци.
Ајнтрахт Франкфурт и Интер пак одиграа 0:0 во натпревар, одигран на „Комерцбанк Арена“.
Двата тима си разменија по едно полувреме, откако „нероазурите“ започнаа подобро. Но, во 22 минута, Марсело Брозовиќ промаши пенал, кој беше спасен од голманот Кевин Трап.
По паузата, Германците имаа подобри позиции за гол, но Самир Хандановиќ спаси се можно.
Така исходот ќе биде одлучен по една недела на „Џузепе Меаца“.
Резултати од осминафиналето на ЛЕ, први натпревари:
Динамо Загреб – Бенфика 1:0
Ајнтрахт Франкфурт – Интер 0:0
Рен – Арсенал 3:1
Севиља – Славија Прага 2:2
Зенит – Виљареал 1:3
Од 21 часот играат Челзи против Динамо Киев, Наполи излегува на „Сан Паоло“ како фаворит против Салцбург, додека Валенсија го пречекува руски Краснодар.