Премиерлигашот Арсенал го контактирал Јувентус за трансфер на шведскиот репрезентативец со македонско потекло Дејан Кулушевски (21), откако менаџерите на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, воопшто не одговориле на повиците од лондонскиот клуб.
Како што денеска јавуваат италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да му дозволи на Кулушевски да замине, но за тоа ќе бара најмалку 25 милиони евра.
Јувентус го донесе Кулушевски во своите редови во 2020 година од Аталанта во трансфер вреден 35 милиони евра, но со доаѓањето на тренерот Масимилијано Алегри, шведскиот репрезентативец не е во прв план.