Арсовска го исполнува ветеното за првите 82 дена

/ 12.11.2021

Денес извршивме увид во активностите за интензивно расчистување на дивите депонии во општините Бутел, Сарај и Карпош.
Градот Скопје веќе почна со чистење на мапираните диви депонии низ населените места во на повеќе локации во Град Скопје, информира градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Од првите денови од мандатот работиме на реализација на проектите со рок на имплементација 82 дена, а чистење на дивите депонии е еден од клучните приоритети. На дел од овие локации се предвидуваат нови зелени површини, а скопјани ќе добијат чиста, зелена и модерна европска метропола. Со санацијата на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата, истакна Арсовска и додава:

„Истовремено, во соработка со другите градски општини, денеска на терен се чистат депониите во општините Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Дополнително, во соработка со здруженијата и граѓаните ќе се мапираат дополнителни локации на кои во моментов постојат диви депонии со цел нивно отстранување и санација“.


Од истата категорија