Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја разрешила од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, која пред само три месеци „жустро“ ја бранеше и пред новинрите и пред целата јавност.
Ја величаше како и храбра и одлучна, а веќе денес на нејзино место го назначила Гоце Трајковски.
Мазнева-Николиќ пак, за СДК.МК потврдила дека е разрешена од функцијата, но не знае зошто.
– Точно е, разрешена сум од функцијата директорка на претпријатието. За причините зошто сум разрешена треба да одговорат надлежните во Градот кои ги носат одлуките. Не станува збор за мое повлекување, ниту сум побарала да заминам од претпријатието. Напротив, цел овој изминат период напорно работев за подобрување на состојбите и условите за работа на работниците, вели Мазнева-Николиќ.
Од Град Скопје засега нема официјална потврда за смената на директорката на „Комунална хигиена“.
Разрешувањето на Мазнева-Николиќ следува три месеци по протестот на дел од вработените во „Комунална хигиена“. Таа беше назнечена од Арсовска за прв човек на „Комунална хигиена“ јули лани, откако беше разрешен дотогашниот директор Енуз Кока од Алијанса за Албанците.
Погледнете како Арсовска ја бранеше Мазнева која денес ја разреши.