Саид Саид, претходно вработен во „Паркови и зеленило“, ќе го раководи ЈП „Улици и патишта“, додека на чело на „Паркови и зеленило“ доаѓа Зухејр Реџепи. И додека Саид е непознат за јавноста, Реџепи е син на поранешниот поглавар на исламската верска заедница Сулејман Реџепи.
Во саботата истакнати членови на ДУИ преку јавно писмо го обвинија вицепремиерот Артан Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања и дека дилетантски се однесувал, со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело што, пак, резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска ги објави новите в.д. директори на неколку јавни скопски претпријатија на местото на претходните од ВМРО-ДПМНЕ кои или поднесоа оставки или беа разрешени од функциите во изминатиот период. Меѓу нив се и две имиња на членови на ДУИ – Саид Саид и Зухејр Реџепи.