Данела АРСОВСКА

Како човек што доаѓа од народот, за мене е важно да се слуша гласот на граѓаните и нивните ставови да бидат активно вклучени во креирањето политички и општествени процеси, особено кога станува збор за градот во кој што живеат.
На денешна средба со бутелчани разговаравме за унапредување на квалитетот на животот во Општина Бутел. Ќе го субвенционираме приклучокот за гасификација во сите домаќинства, ќе овозможиме поврзување на Гази Баба и Бутел со останатите населби преку внатрешна обиколница и нови велосипедски патеки. Подобрени инфраструктурни решенија ќе го олеснат секојдневното функционирање на жителите. Ќе има и доуредување и проширување на гробиштата, како и редовно чистење на просторот.
Нашиот град ќе биде европска метропола, заедно ќе ја исполниме заедничката визија за Скопје да биде атрактивно место за живот и работа!