Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска денеска имаше средби со граѓаните на Волково, на кои им вети дека заеднички ќе најдат решение за сите проблеми.
-Одиме секојдневно на терен, разговараме со жителите и досега детектиравме многу проблеми. Заедно со жителите ќе избереме приоритетни проекти за кои веднаш ќе почнеме да изнаоѓаме решение. Жителите во Волково најмногу реагираат на основните потреби, на нивото на хигиена, ѓубрето не се собира доволно често. Но најголем проблем е во делот на канализација и улиците со кал. Ветувам дека ова ќе ни бидат првите проекти кои ќе започнеме да ги реализираме, плански и ефикасно, изјави по средбата независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.