Вчера заседавале во штаб на состанок за справување со кризата „шефе ми текна, а да кажеме таа го тепала командантот на ОВК“, објави денеска градоначалничката Данела Арсовска во врска со вчерашниот инцидент.

„Смислиле ново сценарио, кога ќе имало пожари, да кажеле дека јас сум виновна ги организирам за да ја дестабилизирам државата. И со цел памет ова по пораки го пишувале по амбасадори да го најавеле планов кој го добиле од “сигурни” разузнавачки извори. Срам имате ли, заедно со вашите сакани команданти од ОВК?“, објави Арсовска на Фејсбук.

Со соопштение за настанот се огласи и Одделението за односи со јавноста на Град Скопје, со идентични погледи како и нивната шефица Арсовска:

„По вчерашните настани поврзани со нападот врз градоначалнилката и вработените од град Скопје, МВР доказниот материјал прибавен службено кој наместо да го достават до Јавното обвинителство го лиферуваа по медиуми. Доказниот материјал кој единствено е во посед на МВР го сечеле, лепеле и монтирале со цел да прикажат дека градоначалничката на град Скопје нападнала и тепала командант на ОВК, а го објави по најава на министерот Тошковски, пратеничка на ВЛЕН во Собранието на Република Македонија. Фактот дека доказите од настанот се лиферувани во јавност од единицата ЕУМНА при МВР, кои единствени ги имале во постапката добиено како доказ од градоначалничката укажува дека МВР е претворено во партиски штаб на ВЛЕН и ВМРО, за што ќе бидат поднесени и соодветни пријави. Утрово градоначалничката Арсовска со своја објава се обрати на социјалните мрежи https://www.facebook.com/share/p/16igQjZnei/?mibextid=WC7FNe се наведува во соопштението од Одделение за односи со јавност на Град Скопје.

Арсовска по вчерашниот инцидент не пријавила во МВР, туку се упатила по лекарска помош во болницата 8 Септември, за што нема информации какви повреди добила, но јавноста да се надева дека е добро штом денеска е повторно активна на Фејсбук и социјалните мрежи.