„Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам овде. Каде се крие Мицкоски“?

Со овие зборорови се обрати во Советот на град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, на прашањето кои се причините поради кои бара промена на членовите на комисијата за евалуација на понудите на тендерот за изградба на пречистителната станица за отпадни води, Арсоска не одговори на ова прашање, туку го искористи просторот за да упати навреди и дисквалификации кон првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и партиските функционери.

Претседавачот на Советот, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во неколку наврати го исклучуваше микрофонот на Арсовска, и укажувајќи и и на Арсовска да не ја злоупотребува говорницата за политички изјави.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески, го обвини првиот човек на град Скопје, дека еден ден откако ги пофалила за успесите на работа, побарала од директорите на оваа партија да си заминат од функцијата.

Судирот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на Град Скопје, зема замав по разрешувањето на директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински, кој не се согласи да ги смени членовите на комисијата за евалуација кои работат за подготовка на постапките, и тендерите со Европската инвестициска банка, за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје.