Градоначалничката Данела Арсовска почнала со собирање на потписи за формирање на партија, дознава „Фокус.мк“.
Партијата ќе се вика „Правда“ а седиштето ќе биде на ул. Ѓорче Петров бр.49, адреса која според податоците на бизнис мрежата е лоцирана каде што се наоѓаат фирмите на нејзиниот најблизок соработник во сенка Драган Митковски.
Според „Фокус“ во нејзината партија ќе биде генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, како и Митковски, кој е близок со таткото на градоначалничката Ванчо Јовановски.
Повеќе на Фокус.мк“.