Како што неодамна пишуваше ТВ21, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска планира формирање на политичка партија, објави порталот на телевизијата.
Како што дознавме тогаш, идејата постоела извесно време, а се засновала врз проценката на нејзините советници дека таа уживала голема поддршка кај граѓаните, односно интелектуалците, граѓанскиот сектор, дел од неопределените гласачи.
Таа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека веќе се во процес на формирање на партијата.
На прашање за тоа дали таа би била лидер на оваа партија, Арсовска не одговори конкретно, но истакна дека сака на граѓаните да им покаже дека може и подобро.
„Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некои од политичарите, на некои од оваа корумпирана политичка елита, кај нас напредок нема да има. И ако можам јас сама, како индивидуалец, да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе што ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓаните, дека ќе може да покажам повеќе“, вели Арсовска.
Целата емисија можете да ја гледате во 21:30 часот на ТВ21