СДСМ не смее да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните. Воведувањето фашизоидни мерки за исполнување лични ега на власта и интереси, само го троши и го тенчи трпението на граѓаните, истакна на денешнат прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Арсовски:
Фашизоидната мерка за дискриминирање на вакцинирани и невацинирани и прележани е класично непознавање на елемнтарните и непочитување на елементарните човекови права од страна на оваа власт.
Никој, ама баш никој, нема право дискриминаторски да наложува начин на живеење на едни или други на други граѓани, само затоа што е неспособен да се справи со оваа пандемија која ни се случува.
Граѓаните, повторно кажуваме, треба да се вакцинираат и апелираме дека треба да се вакцинираат, но оние кои што не сакаат да бидат вакцинирани смеат да имаат право на избор.
Не смее никој да ги дискриминира невакцинираните или оние луѓе што прележале корона и имаат створено антитела, а немаат примено вакцина.
Значи со оваа непопуларно-глупава мерка, власта има намера да ги упропасти најголем дел од стопанството и компаниите, да ги дискриминира граѓаните и тука најмногу ќе претрпи угостителскиот сектор, кој што трпи загуби од самиот почеток на пандемијата, единствено заради неспосбноста на власта и тоа трпи загуби до денес, а не добива никаква, ама баш никаква помош од државата.
Очигледно е дека во недостиг на проекти, работа и успеси, власта додека е на одмори на плажите и додека организира скапи прослави, сака да го угнетува народот и да го заплашува со ретко глупави и непопуларни мерки.
Повторно голем дел од луѓето вработени на пример во угостителскиот сектор ќе треба да бидат бркани од работа доколку не се вакцинирани, бидејќи би било недоветно ако гостите се вакцинирани, а вработените не. Ете тоа е резултат кој би произлегол како резултат на овие мерки на власта.
Повторно, фашизоидните мерки на власта која е крајно лицемерна ја носат државата во пропаст, посочи Арсовски.