Уште не почната изборната кампања СДСМ веќе почна да прави изборен поткуп. Костадин Георгиевски кандидатот на СДСМ во Охрид во сред изборна кампања прави масовен поткуп на бизнисмените во Охрид. На вчерашната седница на советот на општина Охрид, советниците од СДСМ изгласаа одлука со која што наместо раздолжување на општината, тие вршат масовен предизборен поткуп на голем дел од фирмите кои имаат побарувања по различни основи од општината, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„На Костадин Георгиевски и на СДСМ очигледно заради стравот од пораз и недовербата на граѓаните, им се брза со раздолжувањето на овие 8 милиони евра за фирми, кои ги одобри Владата за општината. Но, фактот е дека, и покрај овие 8 милиони евра раздолжување, општината ќе остане должна и понатака повеќе од 9 милиони евра на правни и физички лица, долг за кој и понатака ќе продолжат да течат камати и ќе расте и понатака долгот на општината. Да потсетиме, истиот долг го направија изминатите мандати градоначалниците од редовите на СДСМ.“

Како што потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ова е еден масовен предизборен поткуп од страна на СДСМ и Костадин Георгиевски,а според сознанијата на партијата и ова е многу важно се сомневаат дека на дел од фирмите им било понудено да им се отплати долгот, но притоа морале да дадат одреден процент од добивката кај одредени луѓе.

-Па така јавно го прашуваме Градоначалникот и луѓето од СДСМ од Охрид, дали дел од фирмите на кои ќе им биде исплатен долгот, дел од парите ќе мораат да вратат во партијата односно СДСМ и кај Костадин? Притоа СДСМ и Костадин се се повеќе во страв и паника од изборен пораз, па затоа наместо раздолжувањето да се изврши после изборите, тие брзаат да ги завршат сите овие операции претходно, иако рокот е 1-ви јуни, но и многу е важно дека не смеат да се прават вакви трансфери на пари во изборна кампања кои сепак алудираат на изборен поткуп, вели Арсовски и подвлекува:

„Сега веќе ви е и повеќе од јасно зошто на СДСМ и на Костадин им се брза. Затоа, на изборите Костадин Георгиевски и СДСМ мора да бидат казнети и ве повикуваме да се придружите на кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот за општина Охрид, за градоначалник на Охрид Митре Милошевски, и сите заедно да го направиме Охрид убав град за живеење.“